Јавна расправа за законот за младинско учество и младински политики

На јавната расправа за Предлог- законот за младинско учество и младински политики денеска во Собранието се слушнаа низа предлози за подобрување на овој текст, чија што потреба за донесување беше изгласана со консензус. На законот заедно работеа и власта и опозицијата, но беше клучен и невладиниот сектор.
Процесот, како што истакна пратеничката Ивана Туфекчиќ беше многу инклузивен и траел година и половина.
– Забелешките што се слушнаа, пред се се од технички карактер, за зајакнување на некои одредби особено во делот на младинските центри, начинот на нивното финансирање, роковите во кои ќе се основа, како и кај националното собрание на млади. Се работи на техничко усогласување и подобрување на текстот, меѓутоа и спречување на опасности од типот на формирање на паралелни собранија и барањето на партиските ограноци да бидат експлицитно признаени како такви во законот, нешто што не е спорно во рамките на работната група, рече Туфекчиќ
Работната група за законот ќе се состане повторно по празниците и ќе ги разгледа овие забелешки со цел, како што вели таа, да се интервенира амандмански во текстот на законот, таму каде што е потребно подобрување.
– Важна беше оваа јавна расправа бидејќи требаше да се слушнат и мислењата на тие кои не биле директно дел од работната група, рече пратеничката.
Претставникот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски на јавната расправа кажа дека законот претставува добар чекор напред, иако нема да може да ги реши проблемите на младите. Тој изрази поддршка за законот и смета дека многу од забелешките искажани на расправата ќе бидат вградени во законот преку амандмани.
Законот ги препознава формите на младинско здружување кои веќе постојат, а понатаму го разработува механизмот на нивно национално учество пред државата.
– И тоа беше многу важен елемент да се изберат девет претставници кои ќе се седат во национално советодавно тело заедно со органите на државната управа, појасни пратеничката Туфекчиќ, која го предводеше процесот за носење на овој закон.
Ново на Сител
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
-

Петрушевски: Фотографијата на Филипче со газдата на фабриката во која се запленија 30 тони дрога, упатува на директна вмешаност
-

Трчајќи преку автопат во Хрватска две лица загинале
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
