Македонија
9. May 2018 - 8:39

Јавна расправа за измените на Законот за работните односи

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. 

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите организира јавна расправа за измените и дополнувањата на Законот за работните односи.

На дневен ред на Комисијата за здравство се измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства, во второ читање.