Македонија
1. February 2018 - 8:38

Јавна расправа за ефектите од Законот за минерални суровини

Јавна расправа за ефектите од примената на Законот за минерални суровини врз животната средина и економијата организира денеска собраниската Комисија за економски прашања. 

Измените на Законот се на дневен ред на 32. седница и се носи по скратена постапка, а поднесен е од неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство.  

Целта на измените е да се забрани користењето на цијаниди, дулфурна киселина и други опасни супстванции во текот на геолошките истражувања, експлоатацијата и преработката на минерални суровини во рударството заради заштита на животната средина и здравјето на вработените и локалното население.