Јавна дебата за здрава животна средина

Претставници на интелектуалната и експертската јавност денеска во Битола ќе дебатираат на тема „Здравата животна средина е основно човеково право”.
Целта на оваа јавна дискусија, како и на претходно организираните од страна на Диверзити медиа во рамки на проектот Глокал Дискусии, е да се поттикне дебата, но и да се зајакне доброто владеење.
Панелисти ќе бидат Беса Татеши, експерт за екологија од Министерството за животна средина и просторно планирање, Душко Груевски од Здружението за промовирање на еколошката свест од Битола „За нас се работи” и Анета Блажевска, локален новинар.
Проектот Глокал Дискусии предвидува 12 јавни дискусии преку кои организаторите ќе се обидат, како што велат, да создадат повеќе простор за јавна дискусија на важни теми и проблеми на државно ниво, давајќи им можност на граѓаните да се изразат и да придонесаат за овиее теми. Во дискусиите ќе бидат вклучени локални креатори на политики, интелектуалци, новинари и локални жители.
До август 2016 година ќе бидат дискутирани вкупно шест различни теми во 12 различни градови низ Македонија. Диверзити Медиа ќе изработи и 12 медиумски производи од јавните дискусии, што потоа ќе бидат објавени на платформата на Диверзити Медиа, Алсат М Телевизија, како и на социјалните мрежи на организацијата. Ќе се изработи и брошура со споредбени анализи за тоа како се перцепираат темите, односно проблемите во две различни средини.
Проектот е подржан од Civica Mobilitas, а партнер во реализацијата е телевизијата Алсат-М.
Ново на Сител
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
-

Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
-

Полицајци од Македонија, Косово, Црна Гора и Италија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
-

Заврши средбата Гаши-Доцова во Софија: Неопходно е продолжување на дијалогот на парламентарно ниво
-

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката
-

Мицкоски: Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени
