Јавна дебата „Самоорганизирани стратегии за прехрана наспроти климатските промени“
Граѓанската организација „Зелената арка“ денеска организира јавен дијалог на тема „Облиците на граѓанска самоорганизација за постигнување прехранбен суверенитет наспроти климатските промени“.
Ова е втор јавен настан од проектот „Агриколаб – платформа за колаборативни агроеколошки пракси“, чија цел, како што информираат организаторите е да создаде начини за соработка и споделување знаења меѓу граѓаните и научните институции за одгледување хранливи растенија во (при)градските подрачја наспроти предизвиците од климатските промени.
– Очекуваме дека благодарение на заедничкиот придонес од сите учесници во дијалогот ќе преиспитаме што значи прехранбениот суверенитет во контекстот на климатските промени. Исто така, ќе се обидеме заеднички да ги изнајдеме најсоодветните начини за понатамошна самоорганизација со стремеж кон
прехранбениот суверенитет, посочуваат од „Зелената арка“.
Проектот „Агриколаб“, освен јавните дијалози во следните фази нуди и обука за агроеколошките аспекти на пермакултурниот дизајн во (при)градските подрачја.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација