Јавен повик за млади/невработени кои сакаат да помогнат на стари лица

Јавен повик за млади/невработени лица кои сакаат да помогнат на старите лица за нивно активно користење на слободното време распиша Здружението за меѓугенерациска солидарност „Доблест“ во рамки на проектот „Ние сме со вас“, финансиски поддржан од Град Скопје.
Од Здружението соопштија дека активно работат за поттикнување на меѓугенерациската солидарност и подобрување на квалитетот на живот на старите лица.
Цел на проектот, истакнаа од Здружението, е поттикнување меѓугенерациската солидарност и волонтеризмот кај помладите за грижа кон постарите лица.
- За таа цел, ја креираме првата електронска дата база на невработени млади лица во Република Македонија кои имаат желба, интерес и волја за работа со стари лица, особено за оние кои сакаат да придонесат за нивна зголемена социјализација. Пријавените лица на распишаниот јавен повик, ќе имаат можност за посета на домовите за стари лица и давање свој активен придонес во реализација на понатамошните активности на нашето здружение, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
