Македонија
6. March 2017 - 11:46

Јавен повик на општина Битола за „БитФест 2017“

Општина Битола објави јавен повик за учество во програмата на годинaшното битолско културно лето „БитФест 2017“.

Предлагачи на програмските содржини за „БитФест 2017“ може да бидат институции, граѓани, неформални групи и поединци кои ќе предложат конкретен проект или идеја од областа на музичко-сценската дејност, ликовна уметност, театар, видео, фото и филмска уметност, како и за проекти посветени на литературата, фолклорот и нови уметности.

Јавниот повик е отворен до 15 март, а апликациите за учество во програмата со повеќе информации треба да се преземат од веб-страницата на општина Битола www.bitola.gov.mk