Балкан
9. September 2015 - 23:45

Јасно и гласно: Што им порача Бугарија на мигрантите

Нема леб овде, им порачуваат Бугарите на мигрантите кои доаѓаат во оваа земја.

Маршутата на бегалците од Блискиот Исток, пред се од Сирија, најчесто е Грција - Македонија - Србија - Унгарија, меѓутоа илјадници бегалци доаѓаат и во Бугарија. Меѓутоа нашиот источен сосед за секој случај реши да ги извести за состојбата во оваа земја.

На еден граничен премин Бугарите поставија табла на која сугерираат дека во нивната земја не ги чека мед и млеко.

-Драги мигранти, добредојдовте во Бугарија. Работа нема. Пари нема. Нема иднина. Вратете се назад. Ви благодариме - пишува на бибордот.

Иако Бугарија не е посакувана дестинација за бегалците, сепак јасно им порачува дека тука нема што да бараат.