Македонија
4. July 2017 - 9:37

Јасна Николова - најдобар стрип дебитант на балканскиот фестивал во Лесковац

Младата Јасна Николова од Скопје доби признание за најдобар дебитант на 19. Балканска смотра на млади стрип автори која изминатиот викенд се одржа во Лесковац, Србија, во конкуренција на  2761 учесник од 54 земји. 

Со признанието за Николова продолжува традицијата на доделување награди на автори од Македонија што е потврда за нивниот квалитет.

Во 2016 година наградата за најдобар млад илустратор на овој најстар балкански стрип-фестивал ја освои Тања Вукобрат од Скопје, а во 2015 година за најдобар стрип сценарист на оваа манифестација беше прогласен Александар Стеванов од Штип.