-->
-->
Јасикевичиус ја напушти Барселона
-->
Литванскиот кошаркарски стратег Шарунас Јасикевичиус ја напушти клупата на Барселона, објави шпанскиот клуб.
Јасикевичиус ја предводеше Барселона во последните три сезони, а неговото место ќе го наследи Рожер Гримау, кој потпиша договор со каталонскиот клуб до 2025 година.
Јасикевичиус дојде во Барселона од Жалгирис каде ја почна својата тренерска кариера.
Со Барселона освои две шампионски титули во Шпанија и два трофеи во Купот на кралот. Три години по ред беше учесник со Барселона во фајнлфорот во Евролигата, но не успеа да ја освои титулата во елитното европско клупско натпреварување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
