-->
-->
Јапонските власти со наредба за уништување на каква било ракета од Северна Кореја
-->

Јапонските власти издадоа наредба армијата да биде подготвена да уништи каква било ракета испукана од Северна Кореја, а која би била закана за државата, објавија локални медиуми во момент кога расте загриженоста дека Пјонгјанг подготвува тест со ракета со голем дострел.
Наредбата е издадена од министерот за одбрана Ген Накатани, тврди јапонскиот весник Никеј дејли и агенцијата Кјодо.
– Ги преземаме сите мерки за да одговориме на лансирање на ракета, собирајќи информации и координирајќи се со релевантни држави, изјави портпаролка на Минстерството за одбрана.
Западни медиуми јавија за сомнителни активности во главниот воен комплекс на Северна Кореја со што поттикнаа спекулации дека Пјонгјанг може да лансира ракета веќе идната недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
-

Притвор за двајца скопјани за пожарот во Еврејската зедница, ќе одговараат за тероризам
-

Започна изградбата на катната гаража во Охрид
-

Зголемен број на повици во скопската Брза помош поради временските промени
-

По шест децении интерното одделение на струмичката болница целосно реновирано
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ со првомајски протест
