Свет
27. December 2016 - 8:26

Јапонскиот премиер Шинзо Абе во историска посета на Перл Харбур

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, пристигна на Хаваите, во историска посета на американската поморска база Перл Харбур, што јапонската империјална авијација ја нападна на 7 декември 1941 година.

Абе ќе им одаде почит на загинатите во текот на нападот, ќе се помоли за нив, но нема да се извини.

Во нападот од пред  75 години, беа убиени 2300 американски морнари, воен персонал и цивили, а нападот беше повод САД да влезат во Втората светска војна  на страната на антихитлеровската коалиција.

Осум воени бродови беа оштетени, а четири други потопени, но главните американски носачи на авиони не беа во базата.

Премиерот Абе кој ке биде придружуван од американскиот претседател Барак Обама , ќе го посети местото каде била главнината на нападот на јапонските авиони.

Тој е првиот премиер на Јапонија кој службено и во придружба на еден америкнаки претседател ја посетува базата Перл Харбур.

Во 1951 година, тогашниот јапонски премиер Шигеру Јошида престојувал во базата, но сам и во неофицијална посета.

Сегашната посета на Абе доаѓа по посетата на Обама на Хирошима, во август годинава.

Пред крајот на Вторатата светска војна, врз овој јапонски град, американските сили фрлија атомска бомба, од која загинаа , или подоцн умреа,  околу 150 илјади луге.

По посетата на Перл Харбур, Обама и Абе ќе имаат на Хаваите политички разговори, што ќе биде и нивна последна средба, пред заминувањето на американскиот претседател од Белата куќа, на 20 јануари.