-->
-->
Јапонски министер поднесе оставка поради подмитување приврзаници
-->
Јапонскиот министер за трговија Исиу Сугавара поднесе оставка по еден месец на функцијата, бидејќи е откриено дека давал пари на своите приврзаници на изборите.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе за министер за трговија го именува Хирошија Каџијаму, поранешен министер за регулаторни реформи.
Абе рече дека Сугавара поднел оставка затоа што не сака неговиот скандал да пречи во работата на Парламентот каде неодамна беше сослушан откако еден весник објави дека им дал пари на своите приврзаници во неговата изборна единица.
Иако ваквите плаќања се сметаат за донации, тие се во спротивност со јапонскиот закон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи