Свет
27. March 2016 - 9:22

Јапонската опозиција формира нова Демократска партија пред изборите

Главната јапонска опозиција го објави денеска официјалното создавање на нова партија, формирана од спојувањето на Демократската партија на Јапонија и помалата Партија за обнова на Јапонија.

Формирањето на новата партија е во рамките на планот за зголемување на шансите за победа на изборите, објавен во февруари, јави ДПА.

Новата Демократска партија за свој лидер го избра Кацуа Окада, кој беше претседател на претходната Демократска партија на Јапонија.

Изборите за пратеници во Горниот дом на Парламентот се закажани за ова лето.