-->
-->
Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибер напад
-->

Националниот јапонски авиопревозник,Џапан ерлајнс, соопшти за кибер напад што може да влијае на домашните и на меѓународните летови.
„Денеска во 07:24 (локално време) мрежната опрема што ги поврзува нашите внатрешни и надворешни системи беше подложена на кибер напад што предизвика проблеми.
Се очекува тоа да влијае врз внатрешните и меѓународните летови“. Авиокомпанијата додаде дека ја суспендирала продажбата на билети за денешни летови.
Другиот голем јапонски авиопревозник, Ол Нипон ервејз (All Nippon Airways) соопшти дека неговите системи не покажале знаци на напади.
Претходно оваа недела, Американ Ерлајнс ги суспендираше сите летови на околу еден час поради технички дефект поврзан со неговиот мрежен хардвер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
-

Сиљановска-Давкова очекува државата да направи исчекор кон природната дестинација, ЕУ
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
