Јапонска донација за поплавените
Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), во присутво на почесниот генерален конзулат на Јапонија во Македонија, Казу Лешниковска, денеска во просториите на Центарот за управување со кризи изврши примопредавање на помошта за општините Арачиново, Гази Баба и Тетово, кои беа погодени од поплавите предизвикани од поројниот дожд на 6 август годинава.
Ургентната помош, како што информираат од Центарот за управување со кризи, е во вредност од 111.000 евра и вклучува пумпи, агрегати и механички алати кои ќе се употребуваат за брзи интервенции во подрачјата погодени со поплави, со што ќе се зголеми капацитетот за справување при итни ситуации.
Помошта беше обезбедена во координација на ЦУК и JICA, а актот за донација беше потпишан од страна на директорката на ЦУК, Сузана Салиу, од почесниот генерален конзулат на Јапонија, Казу Лешниковска како и од претставници од трите општини.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски