Здравје
5. March 2017 - 20:29

ЈАПОНСКА БАНАНА ДИЕТА: Ослабете 5 килограми за 7 дена

Бананите се фантастично супер-овошје кое обезбедува чувството на ситост да трае навистина долго.

Бананите содржат три видови на шеќери: фруктоза, сахароза и глукоза, но и влакна, а токму оваа комбинација чини ситоста да трае долго.

Бројни истражувања покажаа дека само две банани дневно се доволни за 90 минутен тренинг. Ако сте и вие љубител на бананите, оваа диета веројатно и ќе ви годи, а најдобро пред сè е што воопшто нема да чувствувате глад.

За недела дена може да ослабете и до пет килограми, но пред да започнете да ја практикувате обврзно консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист.

Појадок

Изедете само една банана. Ако сте гладни и после 15 минути, слободно изедете уште една. Не би требало да јадете ништо друго за појадок, но ако мислите дека бананата нема да ви е доволна, може да изедете и две до три лажици варен ориз.

 

Јадете само зрели банани.

Ручек и вечера

Вечерајте најдоцна до осум часот навечер, иако би било совршено тоа да биде до 18 часот. Што се однесува до намирниците за ручек и вечера, не сте ограничени со изборот и може да го јадете она што и онака би го јаделе. Меѓутоа, потрудете се порциите да бидат помали, како и тоа да ги избегнувате десертите.

Јапонките се познати по витката линија, но тие се трудат после ручекот никогаш да не бидат сосема сити. Исто така не би било лошо да ги избегнувате јаглените хидрати, белиот леб, белиот ориз, шеќерот и белото брашно.

Само вода

Во текот на диетата единствена течност која ви е дозволена е исклучиво вода, минерална или обична. Потрудете се водата која ја консумирате да биде на собна температура.

Кога ја пиете, пијте ја во мали голтки, не одеднаш. Во текот на денот може да испиете и едно кафе, чај или свежо цеден сок.

Во посебни прилики дозволена ви е чаша пиво или вино.

Ужинка

Околу три часот после пладне може да изедете две коцки црно чоколадо или нискокалоричен колач. Крофни, сладолед, чипс и слични грицки не се дозволени.

Секако, би било подобро за ужинка да изедете една овошка, но ако имате голема желба за слатки, не се фрустрирајте.

Рано во кревет

Потрудете се да одите на спиење најдоцна до полноќ!

Вежбајте ако сакате

Во текот на оваа диета не е неопходно да вежбате, но ако сакате, само напред. Сепак трудете се колку што е можно повеќе да пешачите.

Водете дневник

Водете дневник како се чувствувате и што сте јаделе во текот на денот. Исто така, на интернет мрежата може да најдете доста форуми и да размените искуства со други кои се на ваков режим на исхрана.