Јапонија понуди 7 милијарди долари за развој на државите од областа на реката Меконг

Во следните три години Јапонија ќе обезбеди седум милијарди долари за економски развој на државите нзи кои минува реката Меконг. Тоа го ветил јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида по средба во Бангког со тајландскиот премиер Пајут Кан-ока.
Министерот Кушида додал дека Јапонија се надева оти средствата ќе бидат и поддршка за стабилноста на регионот на југоисточна Азија.
Јапонскиот шеф на дипломатијата, кој деновиве престојува во повеќе држави во АСЕАН и во Бангкок ја нагласил заинтересираноста на неговата држава за решавање на споровите за суверенитет над територијата на Јужно Кинеско Море.
За тоа море, богато со резерви на гас и ретки минерали, кое е и еден од најфреквентните морски патишта, Кина полага целосен суверенитет, на што се спротивставуваат Филипините, Виетнам, Малезија, Брунеи и Тајван. Споровите се третираат и како реална опасност за зачувување на мирот во тој дел на светот.
Ново на Сител
-

Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
-

Се градат неколку важни водоснабдителни системи во прилепските села и градот
-

Жетвата на јачменот во полн ек, откупната цена екстремно ниска
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
