-->
-->
Јапонија: Најстариот дипломец во светот има 96 години
-->

Јапонецот Шигеми Хирата (96) стана најстариот дипломец во светот и влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Жителот на јапонскиот град Такаматску се запишал на Универзитет во Кјото во 2005 година, кога одлучил да изучува поезија, а да стаса до дипломата му биле потребни 11 години.
Тој изјави дека следна цел му е да доживее сто години, пренесуваат јапонските медиуми.
- Ако бидам во добра форма, ќе размислам дали да продолжам со учењето и да станам магистер, изјави дипломецот пред новинарите во неговиот дом, и го приложи новиот сертификат за Гинисовата книга на рекорди.
Шегеми Хирата е роден на 1 септември 1919 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
