Јапонец ја создаде најточната мапа на светот
Картата на светот која е дело на Јапонецот Хаџиме Нарукава, е кандидат за досега најдобрата можна дводимензионална проекција на нашата планета.
Најпознатата проекција на мапи досега, онаа на фламанскиот картограф Џералд Меркатор, наречена Меркаторов принцип, е позната по тоа што најсеверните и најјужните земји се прикажани поголеми отколку што навистина треба да бидат според размерот.
Тоа е така, поради прецизноста на меридијаните и напоредниците, за тие секогаш да бидат под агол од 90 степени. Така, некому може и да не му се допадне тоа што, на пример - Аљаска, Гренланд или Русија се претставени несоодветно поголеми.
Новата мапа на јапонскиот архитект, насловена „Автографичка мапа“, го претставува секој дел од светот точно и пропорционално еднаков.
Мапата веќе е во продажба и може да се купи во разни големини.
Ново на Сител
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот