Јапонците избираат половина од членовите на Горниот дом

Јапонците денеска гласаат за избор на една половина од составот на Горниот дом на јапонскиот Парламент - Домот на советниците.
На денешното гласање треба да бидат избрани 121 од вкупно 242-та члена на Домот на советниците, кои имаат мандат од шест години.
Во трка за половината места во Горниот дом на Парламнетот се вкупно 389 кандидати.
Денешните избори се сметаат за тест за работата на Владата на Шинѕо Абе, кој ја презеде премиерската функција во декември 2012 година.
Пред галасањето Абе изјави дека очекува неговата конзервативна Либерално демократска партија да освои најмалку 61 мандат. Проблем за Абе во остварување на оваа цел може да биде фактот што четирите водечки опозициски партии настапуваат во коалиција со заеднички кандидати.
Право на глас на изборите имаат над 106,6 милиони Јапонци, а на овие избори првпат ќе гласаат и лица со наполнети 18 и 19 години. Досега гласачкото право во Јапонија се стекнуваше на 20 години.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
