Јанушев во Пробиштип: На следните избори за неколку месеци Македонија ќе почне со обновата

Разговорите за „Обнова на Македонија“ продолжуваат денес во Пробиштип. Огромен интерес од страна на жителите на Пробиштип да дојдат овде и да кажат кои се главните проблеми кои ги мачат во нивното секојдневие.
Она што жителите на Пробиштип замолуваат да биде пренесено и секако ние како ВМРО-ДПМНЕ земаме обврска сето тоа да го преточиме во нашата изборна програма за претстојните избори во април 2020 година, е всушност она што го гледаме секојдневно на ниво на цела држава, нешто што се случува во овие речиси повеќе од 3 години во Република Македонија.
Негрижата на оваа, буквално најнеспособна влада во историјата на државата го гледаме и овде во Пробиштип. Како еден од поголемите примери е изградбата на патот, на главната артерија која што Пробиштип го поврзува со остатокот од Република Македонија, тоа е патниот правец Крупиште – Пробиштип кој еве веќе 3 години оваа неспособна власт не успева да го заврши.
Меѓутоа тука е проблем и со јаловината, којшто исто така е едно предизборно ветување, кое што е поврзано со здравјето на жителите, но и со заштитата на животната средина, не е започнато да се решава овој проблем. Изградбата на втората и третата фаза на пречистителната станица, односно од делот на хидросистемот Злетовица.
Тоа е она што го гледаме овде во Пробиштип, исто како и многу други нерешени проблеми, бидејќи уште еднаш ќе повторам станува збор за една криминално – рекетарска влада, кои што единственото нешто е што гледа како да ги полни сопствените џебови, а не интересот на граѓаните.
Меѓутоа овде од Пробиштип денес ќе порачаме дека Заев паѓа, обновата почнува и дека на следните избори кои што ќе се случат за неколку месеци Македонија ќе почне со обновата.
Игор Јанушев – генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
