Јанушев: Власта не ги реализира ветените проекти во Кратово
![]()
Она што го гледаме во сите овие изминати години откако е СДСМ на власт, без разлика дали е тоа на централно или на локално ниво е девастација на македонското општество буквално во секое поле.
Она што можеме да го констатираме за жал како факт е дека имаме буквално разурната економија, распродадени национални интереси, младите се иселуваат, здравството и земјоделието за жал крахира.
Знаејќи ги овие работи токму поради тоа овој период ВМРО-ДПМНЕ е повторно како и секогаш меѓу граѓаните на терен, каде што ќе го посетиме буквално секој град, секое село, секое населено место во Република Македонија. И разговарајќи со граѓаните ќе создадеме, ќе креираме една програма каде што ќе понудиме решенија буквално за секој проблем.
Денес сме овде во Кратово каде што разговарајќи со граѓаните, покрај тоа што се потиштени од целокупната политичко – економска ситуација во државата, она што исто така при разговорите со граѓаните можеме да го увидиме е буквално неработењето, неспособноста и некадарноста на локалната власт овде во Кратово.
Она што беше ветено како проекти без разлика дали тоа беше во кампањата за парламентарни избори или за време на локалните избори буквално нема никаква реализација. Од она што го добивам како информација од луѓето е дека во овие речиси три години само три километри пат има асфалтирано во Кратово.
Останатите проекти коишто беа ветени како младинскиот спортски центар, изградбата за домот на стари луѓе, реновирањето на плоштадот на околинава на каде што и сега се наоѓаме, реновирањето на дел од улиците и во централното градско подрачје се само празни збори и лаги како и се она што досега СДСМ го има направено во Република Македонија.
Ги повикуваме буквално сите граѓани да дојдат да поразговараме, реално да ни ги соопштат најголемите проблеми со коишто се соочуваат, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе дадеме решение за истите тие проблеми и за многу, многу брзо од сега ќе бидеме во ситуација да ги реализираме и да почнеме со обнова на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
