Јанушев: Ветуваме многу работа и ангажирање на сите расположливи капацитети

Продолжуваме со посета на населените места во рамки на акцијата која што ја најавивме и која ја спроведуваме каде што ги посетуваме буквално, буквално сите населени места.
Денес сме во Виница и виничко, овде во Истибања и ќе ги посетиме населените места Јакимово и Градец. Разговараме со граѓаните и едноставно можеме само да потврдиме во која состојба, во какви услови живеат. Условите се повеќе од лоши, условите се катастрофални, а за тоа има само еден виновен. Еден човек е крив за сите овие работи, негативни кои што се случуваат во Република Македонија и тој човек има име и презиме. Тој човек е Зоран Заев.
Од она што имав прилика денеска да го видам и од разговорите со граѓаните дефинитивно можам уште еднаш да потврдам дека поразот кој што следува на СДСМ и Зоран Заев на 12 Април е неминовен.
Граѓаните укажаа на буквално очајно лошите услови за живот. Она што ниту локалната, но ниту централната власт не мрднала со мал прст да ги подобри, да создаде подобри услови за живот. Сето тоа ќе се промени после 12 Април. Ветуваме многу работа, оставање буквално на сите наши капацитети на располагање. Обновата дефинитивно доаѓа после 12 Април во нашата држава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
