Јанушев: Ова е удар врз демократијата! ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада

Да кажеме вечерва дека ова што се случува е удар врз демократијата, во најмала рака ќе биде траги-комично, ова што вечерва се случува е дно, истакна генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.
-ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада. Членовите на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полициски службеници. Никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозиција. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели. Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку. Режисерите на ова сценарио сакаат да ги заплашат сите кои мислат поинаку и се противат на капитулантската, антимакедонска политика на аболицираниот Зоран Заев, рече Јанушев и додаде:
„Во ваквиот прогон, Заев ги злоупотребува и медиумите. Ова што вечерва го прават неговите орди не е помирување, туку дополнително зовривање на политичката криза… ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се жртви на неспособноста на Заев. Година и половина ја уништуваат сопствената држава и сето тоа го прикриваат со политички прогон кој кулминираше вечерва и според нашите информации нема да престане. Ако мислите дека ќе не заплашите, се лажете. Добро ве знаеме и ќе ве запамтиме. Ќе дојде денот кога за ова ќе одговарате и вие кои го извршувате ова сценарио и оние кој го нарачаа и организираа по наредба на Заев“.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
