Јанушев од Велес: Македонија ќе ја вратиме на вистинскиот пат
Генералникот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ги посети населените места Раштани, Оризари и Башино Село во велешко. Од овде граѓаните посочија дека власта предводена од СДСМ нема реализирано ниту едно ветување и нема ништо направено за нивниот регион.
– Македонија ќе ја вратиме на вистинскиот пат. Сплотени, сите заедно, до нова победа на претстојните претседателски избори, затоа што Македонија тоа го заслужува, порача Јанушев од велешко
Лошата состојба во државата ја чуствуваат и граѓаните на Крушево. Од Крушево граѓаните порачаа дека се поголем број на граѓани се иселуваат, бидејќи нема нови инвестиции, нема отварање на нови работни места.
Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретнаа и со жителите на Делчево и населените места Габрово и Звегор. Граѓаните се пожалија дека оваа влада предводена од СДСМ нема направено ништо за овој регион, и се целосно заборавени.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци