Македонија
10. April 2019 - 13:22

Јанушев: Не го коментираме помилувањето на осудените за 27 април, треба да се на слобода

Без коментар на најавите за можно помилување од страна на претседателот Иванов е опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот генерален секретар денеска на прес конференција рече дека целата тема се уште е во рамки на шпекулации и дека партијата нема да излегува со било какви коментари во таа насока.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека пресудите за 27 април се незаконски и дека осудените не треба да бидат помилувани туку ослободени. 

- Ние остануваме на ставот дека драконсктие казни донесени на начинот на кој што беа донесени треба да се бидат укинати - рече Јанушев.

 

Александар Спасовски