Јанша: ЕУ нема да ги отвори миграциските коридори за Авганистан
Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, денеска изјави на својот Твитер профил дека Европската унија нема да отвори ниту еден хуманитарен или миграциски коридор за Авганистан, како и дека нема да дозволи повторување на мигрантската криза од 2015 година.
„Нема да си дозволиме да ги повториме стратешките грешки од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа за време на мисијата на НАТО и на земјите -членки на ЕУ кои ја штитат нашата надворешна граница”, објави Јанша на Твитер, пренесен од СТА.
Во втор твит, словенечкиот премиер посочува како што жените се организираат и се борат со талибанците во одредени делови на Авганистан, така треба да се борат и мажите.
„Не е должност на ЕУ или на Словенија да им помагаат и да ги плаќаат сите на планетата што бегаат, иако би можеле да се борат за својата татковина”, додаде Јанша.
Словенечките официјални претставници во изминатите денови постојано повторуваат дека само оние што работеле за странски сили и мисии во Авганистан ќе бидат евакуирани и ќе им се помогне да се преселат, а на останатите треба да им помогнат соседните држави на Авганистан.
Еден авганистански преведувач и неговото семејство веќе пристигнаа во Словенија, додека друг се обидува да пристигне на аеродромот во Кабул.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби, многу луѓе се загрижени во овој момент
-

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци
-

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
-

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година
