Јанковиќ за МИА: Оптимисти сме дека партиите го разбираат значењето на моментот за интеграцијата во НАТО
НАТО е заинтересиран да бидат донесени клучните одлуки што треба да се донесат, а се однесуваат на интеграцијата на земјата во Алијансата, порачал шефот на Канцеларијата на НАТО во Македонија Зоран Јанковиќ на денешните средби со претставници на БЕСА и на Алијансата на Албанците во македонското Собрание.
Јанковиќ во изјава за МИА потврди дека имале и дека во наредниот период ќе имаат средби со сите политичките партии застапени во Парламентот.
-Најбитна е одлуката за приклучување на земјата во НАТО. Тоа е нашата клучна порака. Парламентот мора да донесе одлука за земјата да го направи клучниот чекор за присоединување во НАТО. Генералниот секретар досега многу пати има изјавено дека тоа е клучниот чекор за земјата да ги отвори портите кон НАТО, рече Јанковиќ.
Според него, доколку Собранието што поскоро ги изгласа уставните амандмани Протоколот за пристапување во НАТО би требало да биде подготвен во јануари.
Јанковиќ е оптимист дека Договорот од Преспа ќе помине во Македонија.
-Ние сме оптимисти дека земјата, партиите, го разбираат значењето на моментот, значењето на интеграцијата во НАТО и одлуката која пратениците треба да ја донесат, рече шефот на Канцеларијата на НАТО во Македонија Јанковиќ.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова во работна посета на Република Казахстан
-
Пуштена и последната пациентка од болницата во Солун повреденa од трагедијата во Кочани
-
СВР Битола во месец мај од слобода лиши 39 дилери на дрога и оружје
-
Ангелов: Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија
-
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани
-
Avant2Go - стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата
-
ЕК започна истрага против четири порно сајтови поради неефикасна заштита на малолетниците
-
Се криеле во товарен простор наменет за палети, спречен нелегален влез на седум мигранти