Јанко Бачев: Македонскиот бугараш Димитров се обиде невешто да ја навреди интелегенцијата на народот
Македонскиот бугараш Никола Димитров, во моментот министер за надворешни работи, вчера длабоко го вознемири македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија со неговата антимакедонска и антидржавна одлука за протерување на дипломат на Руската Федерација во Република Македонија, изјави денеска претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев.
„Дури, македонскиот бугараш Димитров се обиде невешто да ја навреди интелегенцијата на народот, кажувајќи дека неговата одлука е заради заштита на безбедноста на Македонија од хемиско оружје, повикувајќи се на Виенската конвенција за дипломатски односи. Меѓутоа, очигледно македонскиот бугараш Димитров го изгубил компасот, бидејќи, безбедноста на Македонија навистина е загрозена од хемиско оружје, но, не од Русија, туку од друга адреса, поточно, од бомбите со ураниум кои НАТО ги фрлаше при злосторничката агресија врз СР Југославија, а чии последици ги трпиме до денешно време со големиот број заболувања токму како резултат на ураниумот содржан во бомбите на НАТО“, додаде тој.
Според Бачев ваква одлука на македонскиот бугараш Димитров е преседан и во меѓународните односи и во науката, како една држава ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот