Јаневски жали за трите бода
Шефот на стручниот штаб на Вардар Чедомир Јаневски, по завршувањето на натпреварот со Розенборг на прес-конференција истакна дека тимот требало да освои три бода, и дека овој еден бод не ги задоволува вкусовите, после она што се случуваше на теренот и многуте шанси кои „црвено-црниот“ тим ги имаше во мечот со норвешкиот тим.
„Сакам да им честитам на моите фудбалери за одлично одиграното прво полувреме во кое доминираа, создадовме шанси и бевме надмоќни. За жал, таа надмоќ и тие шанси после 90. минути не донесоа три бода. Во вториот дел морам да признаам дека паднавме малку, што е нормално, затоа што не може да се одигра во исто темпо цел натпревар, иако и во тој период имавме шанси. Мислам дека заслуживме три бода, но фудбалот е таков и сакам уште еднаш да упатам честитки до оваа генерација на Вардар која направи историја со пласманот во Лигата на Европа. Очекувавме многу повеќе, сакавме да освоиме повеќе бодови. Со еден бод не можеме да бидеме задоволни.“, рече Јаневски.
Ново на Сител
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава