-->
-->
Јаневски: Имаме тежок противник, двата тима сакаат први бодови
-->

Фудбалската експедиција на Вардар од денеска е во Норвешка, каде утре „црвено-црните“ го играат дуелот од 2.коло од Лига Европа со шампионот на Норвешка, Розенборг.
На прес конференцијата одржана пред тренингот на Вардар, тренерот Чедомир Јаневски за утрешниот дуел истакна:
- Имаме респект за нашиот ривал, кој е со големо искуство. Дојдовме тука да одиграме добар натпревар и се надевам на позитивен резултат. И двата тима имавме лош старт во првото коло загубивме убедливо и затоа ги посакуваме првите бодови.
Заменик капитенот Никола Глигоров ја потенцираше силата на утрешниот ривал:
- Знаеме против кој ривал ќе играме. Розеборг добро го имаме анализирано. Имаат добри и искусни играчи, а тука најпознат е Бендтнер. Тој има искуство од настапи во силните лиги и во репрезентацијата. Екипата на Розенборг го елиминираше и Ајакс. Имаме желба за позитивен резултат и се надевам дека утре тоа и ќе го постигнеме.
Натпреварот Розенборг - Вардар се игра на „Леркендал“ Арена со почеток во 19 часот. Во истиот термин се игра и вториот дуел од групата Зенит - Реал Сосиедад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата ја продолжи постапката за разрешување на Коцевски - каков профил на човек му е потребен на ЈО?
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски уверува додека е премиер Македонија нема да прима мигранти
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
