Јаневска: Воведувањето на едносменската настава е со цел учениците да стекнуваат на различни начини повеќе знаење
Воведувањето на едносменското работење на училиштата, таму каде што е можно е дел од реформата во образованието, а целта е учениците да бидат подолго во училиштата, за да стекнуваат на различни начини што повеќе знаење, истакна денеска Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во Скопје, која одговараше на новинарско прашање за воведување на едносменската настава во основните и средните училишта во земјава.
Таа додаде дека оваа реформа е и за наставниците да станат функционални во корист на знаењЕто, компетенциите и вештините на учениците.
-Ова е цела една Стратегија. Општо е познато дека ние во земјава имаме вишок на наставници, а се помалку деца. Но, не велиме дека тие се вишок, оти нас ни требаат наставниците, за да го подигнат квалитетот на знаењето. Ние сме последни на сите меѓународни тестирања и домашните тестирања покажуваат дека нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа, каде што ние се стремиме, рече Јаневска.
Министерката за образование и наука, Јаневска појаснува дека учениците кои ќе следат едносменска настава нема цел ден да бидат над книгата, туку целта е интерактивно да го совладаат материјалот.
-Ако имаат домашна, истражување, проектна задача да го завршат тоа, да имаат многу спорт, да имаат многу информатика, да имаат претприемништво, да имаат физичко. Значи се она што им е потребно за реално да влезат во животото, за којшто се подготвуваат. Но и да научат критичко мислење, она што им недостасува на нашите деца, да научат решавање на проблеми, препознавање на проблеми од типот на булинг, препознавање и прифаќање на различностите, појасни Јаневска.
Министерката за образование и наука истакна дека досегашниот образовен систем не го овозможува сето ова. Јаневска вели престојот на децата во училиштата нема да им биде тежок, бидејќи освен настава ќе имаат разговори и слободно време.
-Значи не е ништо страшно. Таму каде што има услови започнуваме со оваа реформа. Таму каде што нема услови, каде што децата и наставниците се во две смени не ни очекуваме тоа да се спроведува, изјави Јаневска во Скопје по потпишувањето на партнерство меѓу групацијата НЕЛТ и УНИЦЕФ за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини.
Ново на Сител
-
Прес-конференција на Коцевски
-
Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП
-
Предлогот Трајко Славески да биде гувернер е во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи
-
СДСМ: Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција
-
Каја Калас утре во Скопје, Мицкоски ќе ја пречека со веќе познатите ставови за уставни измени
-
Повеќе од 2000 претставки минатата година пристигнале на адреса на Народниот правобранител
-
Преглед на вестите од светот
-
Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ