Јанева од здравствени причини порано ја напушти седницата на Комисијата за политички систем
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради, како што информира, влошена здравствена состојба денеска порано ја напушти седницата на Комисијата за политички систем за работата на Специјалното јавно обвинителство.
- Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата, вели Јанева во пишаната изјава до медиумите.
Во меѓувреме, како што информираат од СЈО, побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.
Седницата на Комисијата за политички систем беше предвидено да трае до 22:00 часот и треба да продолжи утре во 13:00 часот.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка