Јанева: Истрага за вмешани во „Скопје 2014“ кога ќе утврдиме каде завршиле парите

Додека не ги анализираме сите документи и не утврдиме каде завршиле буџетски пари, кај кои физички или правни лица се одлеале, дали се тие во Република Македонија или надвор и кој ги користи, нема да отвориме истрага за одредени лица кои се директно инволивирани во проектот „Скопје 2014“, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева.
На конференцијата „Заробена држава - илустрирана преку случајот - изградба на проектот ’Скопје 2014’“, која денеска ја органиизраше Транспаренси Интернешнл-Македонија, Јанева рече дека во моментот кога СЈО ќе смета дека има доволно основано сомневање за сторени кривични дела од физички или правни лица, ќе ја отворат истрагата затоа што, рече, работат на анализа на докази и материјали што ги собираат на законит начин.
СЈО повеќе од две години води предистражна постапка за „Скопје 2014“, а индиции за него биле телефонски разговори и начинот на кој се градел. Собираат, рече Јанева, документи за патот на парите од Буџетот на РМ и собрале голем број материјали за фасади, споменици и згради и за разни одлуки на Владата за овој проект. Но проблем е архивирањето и начинот на селектирање на документите што требало да се чуваат.
- Најголем проблем имаме во Општина Центар која документите за јавни набаавки за разни објекти и споменици од „Скопје 2014“ не ги селектирала и тоа ни прави голем проблем. Голем број од нив се предадени во Архивот на РМ, па се вратени во Општина Центар, па не се знае каде се наоѓаат. Во последен период најдовме огромен број материјали кои биле складирани во Архивот на РМ непопишани. Сега ги зедовме во наша сопственост и во моментов ги анализираме, рече специјалната обвинителка.
Бидејќи е во предистрага, таа не изнесе детали за „Скопје 2014“, но рече се работи за проект почнат уште во 2007 и реализиран на „суптилен и организиран начин“ и се уште, како што рече, има последици од одлуките што ги носеле институциите.
- Можам само да кажам дека одлуките на највисоко ниво, во Владата на РМ, за еден таков проект видлив во главниот град, се донесувале под точка разно, а не под точка што се донесува. Многу грижливо внимавале структурите на власта како да не дојде до транспарентно информирање на граѓаните што навистина се гради. Се работи за организирана операција која знаела која е целта - да се изградат огромен број објекти и споменици за кои немало план и програма, туку се граделе според политичка програма на една политичка партија, рече Јанева.
Додаде дека корисни за СЈО би биле извештаите на Државниот завод за ревизија но дека тие биле маргинализирани, а истото во однос на донесување на одлуките, рече таа,се случувало и во Собранието. (МИА)
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
