Јанева и Јовановски повторно на распит за случајот „Рекет“
Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит повторно се повикани осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева, откако изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.
Боки 13 е повикан на распит утре напладне, а Јанева, која е разрешена од функцијата и е во притвор како осомничена во „Рекет“ исказ ќе дава во вторник, потврдуваат за МИА од обвинителството.
Адвокатка на Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска во интервју за „360 степени“ на ТВ Алсат, вели дека било очекувано Јанева да биде разрешена од функцијата специјален јавен обвинител, но дека е дискутабилна одлуката на Советот за јавни обвинители за нејзино разрешување од функцијата јавен обвинител во Гевгелија.
Прашана дали има докази за инволвираност на Јанева во случајот „Рекет“, Фрчкоска вели дека и биле презентирани селективни докази и оти од она што го видела не произлегува било каква инволвираност или индиции на постоење на основано сомнение дека Јанева го сторила делото за кое се сомничи.
За снимките во кои се слуша како Јанева комуницира со осомничени лице кое е предмет што го води СЈО, Фрчкоска вели дека тие разговори ги толкуваат во насока на изјавата на Јанева дека се работело за евентуална соработка како сведок во друга постапка.
Според Фрчкоска, ќе треба да се види дали овие снимки ќе може да бидат искористени како докази во кривичната постапка бидејќи тие не може да се поистоветат со снимките што ги користи СЈО во постапките.
– Не може да се поистоветат снимките што СЈО ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушување беа озаконети со Закон за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени од постапката, смета Фрчкоска.
Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се сопственикот на 1 ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.
Ново на Сител
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон
-
Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил