Македонија
13. November 2019 - 9:36

Јанева, Боки 13 и Кичеец во суд на 3 декември

Кривичниот суд го закажа почетокот на судењето за Рекет.

Предметот со КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска - Масевска, соопштија од судот.

Главната расправа по предметот е насрочена за 3.декември во 10:00 часот за што се доставени и покани до странките, се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1.

Зоран Јаневски