Јанев: Бугарија не фрлила 20.000 вакцини
Бугарското Министерство за здравство во моментов разработува план како да се реагира на евентуален нов бран од Ковид-19, изјави привремениот премиер Стефан Јанев во интервју за неделната емисија за внатрешна политика „Недела 150“ на Бугарското национално радио.
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Јанев во интервјуто коментира дека и покрај тоа што математиката е егзактна наука, тој не им верува на математичарите затоа што не знае какви броеви имаат.
„Не сум сигурен кои податоци ги имаат како почетна точка“, додаде тој, повикувајќи математиката да биде ставена настрана и да се слушаат лекарите.
Според привремениот премиер, лекарите мора да управуваат со медицинската криза.
-Вакцинацијата е важна и граѓаните на Бугарија треба да бидат убедени во потребата од неа. Во моментов бугарските власти ја разгледуваат можноста, кога ќе се изврши целосната вакцинација, луѓето да добиваат ваучери, изјави Јанев.
Тој ги негираше информациите што се појавија во странските медиуми дека Бугарија сакала да фрли 20.000 дози вакцини со изминат рок. „Тоа е текст во западно издание“, искоментира Јанев за тоа дека Бугарија и Романија фрлиле по 20.000 дози.
Јанев кажа дека Романија веќе има фрлено 20.000 дози, но не и Бугарија. Според него, на крајот на август Бугарија може да се соочи со ризик и можност да фрли вакцини, што нема да биде добро.
До крајот на следната недела, Бугарија ќе го претстави својот план за закрепнување на ЕУ, за кој ќе се дискутира, по што ќе биде презентиран на јавна дискусија меѓу бизнисот и граѓаните. Јанев предвидува дека до крајот на јули документот ќе биде претставен во Брисел и првите средства од него ќе бидат достапни од Бугарија есенва.
Премиерот Јанев ја коментираше и желбата на бугарската Влада да се бори против купувањето гласови. Според него, „војната за купен глас е во полн ек“.
-Станува збор за методичка активност на органите за спроведување на законот, кои прават се што е потребно за да се спречи овој грд феномен, што во пракса ја поткопува демократијата и го заменува вистинскиот глас на гласачите, прокоментира Јанев.
Ново на Сител
-
Претседателот на Малдивите светски рекордер - држеше 14 часа 54 минути прес конференција
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот