Јанев: Бугарија е активна членка на НАТО и како таква не може да биде предмет на странски одлуки

Бугарија е активна членка на НАТО и како таква не може да биде предмет на странски одлуки, изјави за БТА министерот за одбрана Стефан Јанев во првото интервју по преземањето на раководството на МО.
Според него, бугарските политичари мора да научат да дејствуваат како субјект во однос на потребата да се заштити националниот интерес и да се усогласи со заедничкиот интерес на ниво на НАТО.
Јанев го коментираше својот став, објавен пред неколку дена на Фејсбук, во врска со можното распоредување на дополнителни трупи на НАТО во Бугарија и прецизираше дека изразил личен став во својство на министер за одбрана.
– Ова се уште не е национален став и од оваа гледна точка не треба да се шпекулира дека тоа е официјален став на Бугарија во моментов, рече тој.
– Мојот апел е националниот став да биде добро аргументиран, во согласност со националниот интерес и секако во согласност со заедничките интереси на колективната безбедност на НАТО, рече Стефан Јанев.
Министерот за одбрана на БУгарија истакна дека треба да се развиваат сопствените капацитети, потсетувајќи дека како членка на НАТО државата е посветена на тој план.
Ново на Сител
-

Верските лидери со заедничка осуда на обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
