Јане Велковски прими две терапии од лекот „Спинраза“, денеска се сретна со Заев и Филипче
Единаесетгодишниот Јане Велковски, кој е меѓу седумте лица со спинална мускулна атрофија (СМА) за кои државата го обезбеди лекот „Спинраза“, денеска беше во Владата и се сретна со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче. „Спинраза“ е најсовремена терапија во светот за лекување на СМА и Јане веќе прими две терапии од лекот кој, како што информираа неговите родители, дава одлични резултати за запирање на прогресијата на болеста.
На средбата на која присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче и родителите на Јане, премиерот му кажа на момчето дека државата покажала оти сè се може ако се сака и дека мора да се наоѓаат начини за помош на децата и младите за да видат дека таа се грижи и им помага да останат и тука да ја градат својата иднина.
Јане Велковски минатиот месец беше говорник на Глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк, по повод Светскиот ден на детето, каде како претставник на децата од нашата земја упати порака дека сите се еднакви и треба така и да го живеат животот – без бариери и ограничувања.
Владината прес-служба во соопштението за неговата средба со Заев информира дека Јане и денеска ја искористи можноста како вистински мотивациски говорник да порача дека е среќен што се лекува во својата земја и задоволен дека не се исполнил предлогот на неговите родители да се иселат од земјава во потрага по лекот за неговата болест.
– Денеска можеме да заклучиме, како да сме на седница на Влада, заедно со Јане и министерот за здравство дека донесовме одлука дека нема повеќе заминување од нашата земја, дека секогаш ќе изнаоѓаме начини да помагаме на државно ниво, рече премиерот Заев.
Министерот Филипче посочи дека се прават големи напори за изнаоѓање решенија за достапност на сите помагала, како и пристапни рампи за лицата во инвалидски колички, и дека сите пациенти ја имаат потребната терапија со оригинални лекови со сертификат за квалитет.
– Во спонтана и пријателска атмосфера, младиот Јане на премиерот Заев му подари топка, на која се испишани целите на „УНИЦЕФ“ и заедно со министерот Филипче разговараа за неговите впечатоци од учеството на самитот на УНИЦЕФ во Њујорк и средбите со славни личности. На премиерот Заев и министерот Филипче им подари и врамени фотографии од тие официјални средби со посвета, соопшти владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар