Јанчев: Средбата за „Фени" пример на злоупотреба на службената должност за изборни цели
Ова е класичен пример на злоупотреба на службената должност од страна на власта во изборни цели, рече денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев, по информациите, како што рече, дека неговиот противкандидат остварил средба со превозниците од Фени индустри и вице премиерот за економски прашања на Република Македонија.
- Напоменуваме дека превозниците се свесни за оваа предизборна манипулација и дека истите имаат организирани форми на здружување и застапување на сопствените интереси. А тоа е Здружение на транспортери преку републичката Стопанска комора, нагласи Јанчев.
Според него „власта е видно вознемирена и уплашена од поразот кој им претстои на локалните избори и ги прави последните очајнички чекори".
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари