Јанчев: Оброк за секое дете од 1 до 9 одделение, трговски центар и зоолошка градина во Кавадарци
„Кавадарци стана плодна почва за учење, започнување на сопствен бизнис, за градење на кариера. Кавадарци стана мирен и безбеден град за живеење. Вие знаете и подобро од мене, вие ги уживате сите убавини на нашето Кавадарци. Добро знаете и дека планираните проекти од изборната програма за изминатите четири години заедно ги реализиравме буквално сите во две ипол години“, истакна Митко Јанчев, актуелен и кандидат за градоначалник на општина Кавадарци на вечерашниот митинг.
Јанчев додаде дека еден од неговите најдраги проекти е проект кој што општината Кавадарци ја направи отворена и достапна за сите граѓани. Се решија проблемите со згрижување на децата во детски градинки, се реконструира и градскиот стадион за прволигашот „Тиквеш“, се изгради скејт парк, се изгради велосипедска патека од с. Ваташа до Моклиште.
„Инфраструктурата во Кавадарци во последните четири години е значително подобрена. Реконструирани се главните сообраќајници, но не се изоставија и руралните средини. Изградба на зелен пазар, изградба на спортски сали, изградба на регионален вински музеј, Винотека, воведување на мониторинг систем и кол центар достапен 24 часа, се догради и колекторот од болницата па се до село Марена. Колекторот го завршивме за три месеци. Кавадарци во моментов има реконструирано и ново модерно економско улично осветлување. Ова е само дел од сите реализирани проекти“, рече Јанчев.
Јанчев посочи дека за модерно Кавадарци потребни се работа, енергија, посветеност, знаење, сигурност, а најмногу храброст.
„Јавно сега пред вас сите ветувам дека исто ќе се случи и во иднина, ако продолжиме да веруваме заеднички и во мене и во ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да градиме побезбеден и подобар град. Имаме цел и клучна стратегија за новата изборна програма, проектите се многу важни за сите почнувајќи од најмладите па се до најстарите“, појасни Јанчев.
Јанчев рече дека нуди над 180 проекти остварливи и важни. Сите проекти кои што ги има во програмата со помош на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе се реализираат.
„Првиот најважен проект е оброк за секое дете од прво до петто одделение, затоа што наша должност е да се грижиме за дечињата и да им овозможиме здрав оброк, подготвен на соодветен начин. Истиот проект ќе продолжи и од петто до деветто одделение, по имплементацијата од прво до петто одделение. Втор е трговски центар „Кавадарци Мол“, за тоа што Кавадарци ќе ги следи европските трендови и ќе се надоградува во иднината“, нагласи Јанчев.
Јанчев вети и изградба на зоолошка градина „Baby Zoo“, изградба на Спа центар, изградба на обиколница за да се намали протокот на тешки товарни возила.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши