Јанчев: Бесплатен превоз до кавадаречките села
Бесплатен превоз до кавадаречките села што се оддалечени повеќе од четири километри, со цел нивно заживување, најави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Одлука за ваква поволност се очекува да се донесе на наредната седница на Советот на Општина Кавадарци.
– До поблиските села најверојатно бесплатен превоз ќе има по два пати во двата правца секој ден, а до десетината пооддалечени села од Поткожувјето кои имаат малку жители, а се оддалечени и по четириесетина километри, превоз ќе има еднаш дневно во двата правца – три пати во седмицата, најави градоначалникот.
Тој појасни дека некои од превозниците досега не биле заинтересирани да возат на одредени дестинации, поради малиот број луѓе кои гравитирале до одредени населени места.
Градоначалникот нагласи дека со оваа одлука општинскиот буџет нема многу да биде оптоварен, а придобивките за кавадарчани ќе бидат големи.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата