Јанчев: Ајде да направиме амнестија, би гласал за уставните измени
Ајде да ја направиме таа амнестија за настаните во Собранието на 27 април. Таа работа треба да заврши во Парламентот, со едногласно крената рака, вели Митко Јанчев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Дојче веле. Вчерашниот повик на премиерот Зоран Заев за помирување и простување, според Јанчев, е повик за „ослободување на луѓето кои во еуфорија на 27-ми април, ненамерно направиле глупост“.
За тоа што ќе значи таквиот потег за владеењето на правната држава, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека „правната држава допрва треба да почнеме да ја градиме“.
- Бидејќи, таа не важеше ни кога се кршеше Деловникот во Собранието, не важеше ни кога се носеа некои закони... Да не се враќам наназад и да набројувам колку пати правната држава била компромитирана. Еве, да ставиме крај на тоа што било, и да почнеме да ја градиме, истакнува Јанчев.
За актуелната дебата во Собранието за уставните измени, вели дека кога би бил пратеник би гласал за измени на Уставот, но под одредени услови, односно би поднел неколку амандмани со цел да се обезбедат дополнителни гаранции за државата.
Прашан што им препорачува на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев укажува дека тие се под постојан притисок „и од десно и од лево“.
- Имаат притисоци од изгрејсонце, низ текот на целото секојдневие, до зајдисонце. Не би сакал да сум во нивна кожа, затоа што се во ситуација да не можат слободно да го кажат својот автентичен став, истакнува Јанчев.
Додава дека е разочаран од таквите случувања, не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку и во СДСМ, како и од тоа што иако таму сите не мислат исто, сепак, постапуваат по партиски налог.
Ново на Сител
-
Словенечката пратеничка Ирена Јовева во ЕП до бугарските колеги: За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола!
-
Вчера пронајдени 24 мигранти, уапсени двајца криумчари од Сирија
-
При претрес во Радовиш пронајдена дрога
-
Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот
-
Пожар во Визбегово - гори отпад
-
Антонио Пандовски трча 600 км до Острог: За децата од Клиниката и свесност за попреченост
-
Во голема акција на Крајбрежната служба на Грција спасени околу 520 мигранти во близина на островот Гавдос
-
Македонски државјанин обвинет за тероризам во Швајцарија - организирал состаноци во неговиот стан