-->
-->
Јанакиески вратен во притвор без хируршка интервенција
-->

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески се вратил во истражниот затвор во Шутка без да прави операција на срцето, дознава МКД.мк.
Иако неговите бранители пред неколку дена за дел од медиумите изјавија дека Јанакиески мора итно на операција на срцето, тој по направените испитувања е вратен во затворот.
Директорот на „Шутка“, Есад Рахиќ вели дека состојбата на Јанакиески е стабилна, дека му биле направени испитувања, но не и хируршка интервенција.
Јанакиески штрајкуваше со глад, но по препорака на лекар го прекина штрајкот.
Тој досега три пати беше во притвор во Шутка. Првпат лани на 14 ноември минатата година, еден ден по бегството на Никола Груевски, по налог на Специјалното јавно обвинителство каде е обвинет во пет случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
