Македонија
22. May 2018 - 21:01

Јакнење на соработката меѓу Македонија и Србија во областа на националните малцинства

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, за време на посетата на Србија, денеска оствари средба со српскиот министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ.

При тоа, двајцата министри отворија повеќе актуелни прашања во однос на зајакнување на правата на македонското национално малцинство во Србија и српското национално малцинатво во Македонија, разменувајќи позитивни искуства во двете земји со цел унапредување во наредниот период, соопшти прес-службата на министерот.

Конкретно, министрите Адеми и Ружиќ се договорија за што поскоро иницирање на Меѓувладината мешовита комисија согласно Спогодбата меѓу Македонија и Србија за заштита на македонското национално малцинство во Србија и српското национално малцинство во Македонија, во насока за конкретна реализација на обврските преземени од двете страна во духот на Спогодбата.

Од српска страна беше информирано и за измените на законите за националните малцинства коишто ќе следат до крајот на јуни оваа година во Србија, во функција на поголемата транспарентност и јавност во работата на националните совети.