Јакимовски: Парламентарните избори успешни за ГРОМ
Предвремените парламентарни избори беа успешни за ГРОМ како политичка партија, бидејќи во новото парламентарно собрание ќе биде претставувана со два пратеника и понатаму ќе претставува значаен чинител на политичката сцена, оцени претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски на денешната седница на партискиот Централен одбор.
Како што соопшти ГРОМ, партијата ќе работи на зајакнување на своите капацитети, со цел, како што рекол, да бидеме максимално подготвени во наредниот период во кој ни следуваат редовни локални и евунтуални нови предвремени парламентарни избори.
ЦО усвоил одлука за свикување Собрание на ГРОМ за 29 јануари следната година, а за нов претседавач на Централниот одбор е избран Зоран Петрушевски од општинската организација на ГРОМ во Куманово.
Шефот на изборниот штаб на ГРОМ за предвремените парламентарни избори од 11 месецов Љупчо Пренџов го презентирал Извештајот на ЦИШ за изминатите тринаесет месеци предизборни и изборни активности на ГРОМ.
Ново на Сител
-
Армијата ангажирана во справувањето со пожарите
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје