Јакимовски: Исплативме четири милиони евра долг, најавувам инвестиции од 1,5 милијарди евра
По речиси пет години, Општина Карпош од 10 август има деблокирана сметка, соопшти денеска градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски во обраќање во живо на Фејсбук.
Тој информираше дека за овие девет месеци откако е повторно на функцијата, исплатени се 154.235.000 денари блокади, како и два милиони евра друг долг.
– Во моментов долгот на Општина Карпош изнесува 87.500.000 денари со 10.500.000 ДДВ, или вкупно околу 100 милиони денари, (1,5 милиони евра). Кога повторно дојдов на чело на локалната самоуправа на 4 ноември, општината имаше долг од 5,5 милиони евра, значи досега сме вратиле четири милиони евра и имаме деблокирана сметка. Ова го постигнавме со исклучително вредна и внимателна работа, пред сѐ со работа за зголемување на приходите. Од секогаш тврдам дека зголемувањето на приходите е од витално значење. Ако имате големи приходи, расходите лесно ќе се покриваат. Во 2016 година имавме 11 милиони евра приходи, во 2017 година имавме девет милиони евра приходи, за потоа новото раководство да падне на 5,2 – 5,3 милиони евра. Тоа е клучната причина зошто општината влезе во ваква стагнантна состојба, објасни Јакимовски.
Градоначалникот истакна дека покрај тоа што општината ги зголемила приходите исто така максимално штедела.
– Штедевме на електрична енергија, на начин на кој што сега го применуваат и други градови во Европа. Неодамна прочитав дека Келн после 11 часот ќе гаси улично осветлување. Немаме денар потрошено за репрезентации. Не користам службено возило, многу ретко. Не користам службен телефон. Немам службени патувања… се што можевме да заштедиме – заштедивме. Очекувам до Нова година долговите да ги спуштиме на околу петстотини до шестотини илјади евра. Тоа значи дека ќе имаме повеќе пари за субвенционирање на обуки за полање на возачките дозволи, за учениците, за нашите млади жители. Ќе имаме повеќе средства за покриви, за лифтови, за фасади, ќе обезбедиме конечно средства за дозавршување на општинската зграда, за социјалните програми, што значи започнува општината нормално да функционира, како што доликува на општина Карпош, да биде една моќна и силна општина, рече Јакимовски.
Покрај информацијата за намалениот општински долг, Јакимовски најави и инвестиции од 1,5 милијарди евра во општината.
– Во исто време најавувам, дека во општина Карпош ќе се случат инвестиции во висина од милијарда и пол евра! На одлуки на Советот и на мојот ангажман чекаат инвестиции од милијарда и пол евра. Ќе се согласите дека се тоа големи пари и за Република Македонија, а не само за општина Карпош. Јас максимално ќе работам да ги отвориме вратите за овие инвестиции, а со тоа да се зголемат и приходите во општината. Со тоа граѓаните да можат да добијат многу поквалитетна услуга, истакна градоначалникот.
Тој најави дека деновиве ќе се стави камен – темелник на голема турска инвестиција во Бардовци.
– Деновиве ќе ставаме камен темелник на една голема инвестиција, поточно една турска компанија ќе гради 65 типски куќи во атарот на Бардовци. Комуналиите се уплатени, одобрението сме го издале. Чекаме да стане правосилно. Ќе се потрудиме како општина, веќе наредната година да обезбедиме соодветна инфраструктура. Наскоро ќе имаме градба од левата страна на Вардар. Тоа е фирмата Голден арт, што значи почнуваме да го развиваме и тој дел. Продолжуваме интензивно да работиме на соработка со советниците во општина Карпош, на изработка на детални урбанистички планови кои се потребни за граѓаните, најави Јакимовски.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода