Балкан
31. January 2017 - 12:11

Јахјага меѓу кандидатите за нов шеф на косовската разузнавачка служба

Тројца кандидати се во игра за местото директор на косовската разузнавачка агенција, меѓу кои е и поранешната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, објави денеска приштинскиот весник „Зери“, повикувајќи се на неименувани извори.

Танјуг јавува дека останатите двајца кандидати се актуелниот косовски амбасадор во Македонија, Илбер Хиса, и поранешниот советник на министерот за внатрешни работи Фисник Реџепи.

Изворите наведуваат дека се очекува еден од овие тројца кандидати да биде избран за нов шеф на косовската разузнавачка агенција откако минатата недела оставка на функцијата поднесе досегашниот директор Агрон Селимај.