Јагланд: Долг е патот на Косово до Советот на Европа

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд изјави дека Косово се уште не поднело барање за членство во таа паневропска организација и нагласи дека Советот на Европа нема да направи ништо со што би го загрозило дијалогот меѓу Белград и Приштина.
- Барање за полноправно членство на Косово во СЕ се уште не стасало во Стразбур. Доколку тие се одлучат на ваков чекор, ќе го решаваме согласно процедурата и правилата на СЕ. Дотогаш продолжуваме да се придржуваме до Резолуцијата 1244 на ОН за статусната неутралност на Косово. Ние нема да направиме ништо што би можело да ги загрози дијалогот Белград-Приштина, рече Јагланд, пренесува српски „Нови магазин“.
Генералрниот секретар на СЕ нагласи дека одлуката за прием на Косово ја носат сите 47 земји-членки, со двотретинско мнозинство во Парламентот на СЕ.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
